СЗО: Најголемата епидемија на ебола во историјата на Конго излегува од контрола

СЗО: Најголемата епидемија на ебола во историјата на Конго излегува од контрола

пред 3 часа

Светската здравствена организација (СЗО) повика на поголема меѓународна поддршка за справување со епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, оценувајќи дека болеста се шири побрзо отколку што може да се стави под контрола, пренесува „Еуроњуз“.

Од почетокот на епидемијата, прогласена на 15 мај, регистрирани се 3.802 потврдени случаи, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Закрепнале 727 пациенти, а под надзор се околу 17.000 лица кои биле во контакт со заразените.

Најпогодена е североисточната провинција Итури, каде се регистрирани речиси 90 проценти од случаите.

Епидемијата е предизвикана од сојот Бундибугио, за кој засега нема докажано безбедна и ефикасна вакцина или лек. Од СЗО наведуваат дека се во тек испитувања на нови терапии и вакцини, а првичните резултати се охрабрувачки.

Текстот СЗО: Најголемата епидемија на ебола во историјата на Конго излегува од контрола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top