Домаќинот Охрид го освои трофејот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Во финалето, Охрид го победи Вардар со 29:27 (12:10).
Првиот дел од финалето мина во израмнета игра, се играше гол за гол, а ниту еден тим се до финишот на првото полувреме немаше предност поголема од еден гол.
Охриѓани подобро влегоа во вториот дел, во 40-та минута стекнаа предност од четири гола (17:13), која до крајот не ја испуштија.
Охрид до победата го предводеше Унгарецот Доминик мате со шест гола.
Ова беше второ финале, во изминатите десет дена во кое се сретнаа овие ривали. Претходно Охрид го победи Вардар и во финалето на турнирот во Струга.
На почетокот на септември, Вардар и Охрид ќе се сретнат во финалето на Супер купот на Македонија.
Претходно, Загреб го освои третото место, откако по изведување пенали го совлада Тримо Требње. Регуларниот дел заврши 24:24, а Загреб славеше со 5:3 по изведувањето пенали. Петтото место и припадна на Војводина со победата над Нексе од 33:30, додека Египет У20 заврши седми по триумфот над Олимпијакос со 36:33.
Foto/ ohridnews.com






