Трамп: Иран доживува целосен колапс

Трамп: Иран доживува целосен колапс

пред 7 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред да ги објави деталите за новите американски економски санкции против Техеран.

Тој ја даде оваа изјава на социјалната мрежа откако американскиот министер за финансии Скот Бесант претходно најави „економски ден Д“ против Иран за денес, осврнувајќи се на сојузничкото истоварување во Франција во 1944 година.

Трамп претходно најави почеток на „економска војна и изолација“ против Иран во невидени размери.

Американскиот претседател, исто така, предупреди дека земјите чии финансиски институции, бизниси, аеродроми или владини институции го поддржуваат Техеран ќе мора да бидат подготвени да се соочат со сериозни економски последици.

Текстот Трамп: Иран доживува целосен колапс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top