Татјана Ким е најбогатата Русинка

Татјана Ким е најбогатата Русинка

пред 3 часа

Основачката на компанијата Wildberries и менаџерка на обединетата корпорација RWB, Татјана Ким, го зазеде првото место, петти пат по ред, на листата на 20 најбогати жени во Русија објавена од списанието „Форбс“, со проценето богатство вредно околу 4,25 милијарди евра.

На второ место е Јелена Батурина, претседателката на компанијата за управување Inteko, чие богатство се проценува на околу 1,1 милијарда евра, додека Људмила Коган е на третото место со околу 1,06 милијарди евра, објави ТАСС.

Меѓу првите пет се Екатерина Федун, ќерка на поранешниот ко-сопственик на нафтената компанија „Лукоил“ Леонид Федун, со околу 850 милиони евра, како и Татјана Володина, претседателка на стратешкиот совет на „Летоал“, со 807 милиони евра.

Според податоците на „Форбс“, вкупното богатство на 20-те најбогати Русинки се намалило во текот на претходната година за 5,84 милијарди евра, на околу 16,1 милијарди евра.

„Форбс“ наведува дека вредноста на имотот на богатите Русинки била под влијание на падот на цените на акциите на Московската берза и забавувањето во потрошувачкиот сектор поради високите каматни стапки.

Ким беше прогласена за најбогата жена во Русија за прв пат во 2021 година, а таа беше на врвот на листата во 2023, 2024 и 2025 година.

Лариса Прокопјева, основачката на компанијата „Евалар“, најголемиот руски производител на додатоци во исхраната, се врати на листата оваа година, со проценето богатство од околу 383 милиони евра.

фото/ЕПА

Текстот Татјана Ким е најбогатата Русинка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top