Израелски министер: Нема решение за Газа без иселување на Палестинците

Израелски министер: Нема решение за Газа без иселување на Палестинците

пред 3 часа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац повторно се заложи за иселување на Палестинците од Појасот Газа, тврдејќи дека без масовна миграција нема трајно решение за енклавата.

На конференција организирана од израелските медиуми „Ynet“ и „Yedioth Ahronoth“, Кац изјави дека Израел е подготвен да организира заминување на Палестинците „по море, воздух и на сите можни начини“. Идејата за присилно преселување претходно предизвика широки меѓународни осуди и предупредувања дека таквиот потег би можел да претставува воено злосторство.

Кац смета дека за реализација на планот би била клучна поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи земјите кои би прифатиле Палестинци би барале поддршка од САД. Според него, Трамп не се откажал од идејата, туку само ја „замрзнал“.

Трамп претходно ја разгледуваше можноста САД да ја преземат контролата врз Газа, што би вклучувало отстранување на палестинското население, но подоцна се откажа од таа идеја. Мировниот план на Белата куќа од 20 точки од 2025 година не предвидуваше депортација на Палестинците.

 

Текстот Израелски министер: Нема решение за Газа без иселување на Палестинците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top