Украина очекува повеќе ракети „Патриот“ од САД

Украина очекува повеќе ракети „Патриот“ од САД

пред 3 часа

САД во 2027 година ќе го зголемат производството на ракети за системот „Патриот“, а Украина очекува поголеми испораки на проектили за пресретнување балистички закани, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ќе ни бидат потребни и ако војната, да даде Господ, заврши, бидејќи сметаме на овие системи за заштита на нашата држава“, рече Зеленски.

Тој најави и средби во Норвешка и Канада за зајакнување на украинските одбранбени капацитети, како и важни разговори за развој на украински противбалистички систем.

Текстот Украина очекува повеќе ракети „Патриот“ од САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top