Трамп објави карикатура со премиерот на Канада „Стани, гувернере“

Трамп објави карикатура со премиерот на Канада „Стани, гувернере“

пред 2 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави карикатура со вештачка интелигенција на која се прикажани тој и канадскиот премиер Марк Карни на својата социјална мрежа Truth Social, пренесуваат медиумите. На сликата, Трамп во дресот на американската репрезентација стои над Карни, кој лежи на мразот во канадски дрес, со пораката: „Стани, гувернере“

Трамп со тоа продолжува со практиката да го нарекува канадскиот премиер „гувернер“, пишуваат медиумите. Тој ја користеше истата реторика за претходникот на Карни, Џастин Трудо, кого го нарече „гувернер Трудо“ откако ја презеде функцијата во јануари 2025 година.

Трговски спор пред новите царини

Порано истиот ден, Трамп се осврна и на девизниот курс на канадскиот долар и го оцени како „неприфатлив“. „Нерамнотежата на канадскиот долар во однос на САД е неприфатлива“, се вели во објавата. „Така е со години – но повеќе нема да биде!“ Трамп не понуди дополнително објаснување за своите тврдења. Од канцеларијата на канадскиот премиер немаше реакција на коментарите на претседателот.

Канадските царини за американски производи стапија на сила денес. Овие мерки ќе опфатат повеќе од 700 американски производи со вкупна вредност од речиси 28 милијарди долари.

Царините се одговор на Канада на царините од 50 проценти што ги воведе администрацијата на Трамп кон крајот на август. На ова му претходеше неуспехот на трговските преговори меѓу двете земји.

Текстот Трамп објави карикатура со премиерот на Канада „Стани, гувернере“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top