Русија синоќа го нападна Киев и границата со Молдавија: има жртви

Русија синоќа го нападна Киев и границата со Молдавија: има жртви

пред 1 недела

Во ноќните руски напади со дронови беше погоден граничниот премин меѓу Украина и Молдавија и главниот град Киев. Иако немаше жртви во Киев, имаше смртни случаи и повредени на граничниот премин, објави Ројтерс.

Жртви на молдавската граница
Украинската гранична служба објави на Фејсбук во среда дека има убиени и повредени лица во напад со беспилотни летала врз граничниот премин. Во објавата се додава дека на локацијата избувнале и пожари.

Нема жртви во Киев
Руските сили го нападнаа и Киев во исто време. Службите за итни случаи објавија преку апликацијата Телеграм дека пожари избувнале и во главниот град, но дека според првичните информации немало жртви.

Текстот Русија синоќа го нападна Киев и границата со Молдавија: има жртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top