„Не сум видел и нема да видам поубав гол“

„Не сум видел и нема да видам поубав гол“

пред 4 години

На натпреварот во Лига Европа помеѓу Стандард и Глазгов Ренџерс, постигнат е еден од наубавите голови во последните неколку сезони. Кемар Руф со удар од 50 метри го совлада голманот Арно Бодар.

Во самиот финиш од натпреварот, играчите на Стандард со сите сили тргнаа кон голот на Ренџерс, во обид да го израмнат резултатот.

По еден корнер на Стандард топката ја освои Руф, нанижа четворица притивнички играчи, а потоа од центарот на игралиштето го лобуваше голманот Бодар.

„Мислам дека никогаш не сум видел подбар гол од овај и не верувам дека некогаш ќе видам поубав гол“, рекол по победата на Ренџерс во Лиеж (0:2), менаџерот на „полицајците“, Стивен Џерард.

 

Share
Scroll to Top