Багеи: САД неправедно ја префрлаат одговорноста за цените на горивата на Техеран

Багеи: САД неправедно ја префрлаат одговорноста за цените на горивата на Техеран

пред 2 часа

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес ги критикуваше американските претставници за префрлање на одговорноста за зголемувањето на цените на горивата на Техеран, тврдејќи дека постапките на Вашингтон ја предизвикале кризата што довело до затворање на Ормускиот теснец и прекин на комерцијалниот превоз.

Во објава на својот профил на мрежата Икс, тој напиша дека американските претставници забораваат дека започнале „агресивна војна“ и дека нивните постапки придонеле за прекини на енергетскиот пазар.

На почетокот на март, Иран го затвори Ормускиот теснец, кој е витална рута за околу една петтина од светските испораки на нафта и гас.

Затворањето предизвика прекини во глобалните енергетски текови, пренесува Танјуг.

Текстот Багеи: САД неправедно ја префрлаат одговорноста за цените на горивата на Техеран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top