За време на летот од Рим до Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите. Тој се осврна на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс.
Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно секој да може да известува и тоа да го прави целосно.“
Судот ја укина забраната
Во меѓувреме, Белата куќа вчера соопшти дека ги враќа новинарските акредитации на новинарите од CNN, MS Now и Politico. Оваа одлука уследи по пресудата на федерален судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна.
Текстот Папата ги поддржа новинарите по забраната од Трамп: судот веќе реагираше е превземен од МАКФАКС.





