Шведски и фински ловци пресретнаа руски воени авиони над Финскиот Залив

Шведски и фински ловци пресретнаа руски воени авиони над Финскиот Залив

пред 1 месец

Шведски и фински борбени авиони вчера пресретнаа и идентификуваа руски воени летала во меѓународниот воздушен простор над Финскиот Залив.

Операцијата е дел од заедничкото надгледување и заштита на воздушниот простор на двете земји, соопштија финските воздухопловни сили, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се додава дека летала од двете војски лоцирале група руски авиони, составена од еден транспортен авион и неколку борбени авиони.

Текстот Шведски и фински ловци пресретнаа руски воени авиони над Финскиот Залив е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top