Иран предупредува: Американските бази на Блискиот Исток ќе бидат цели ако Вашингтон „направи грешка“

Иран предупредува: Американските бази на Блискиот Исток ќе бидат цели ако Вашингтон „направи грешка“

пред 3 часа

Иранската војска предупредува дека американските воени бази и интереси на Блискиот Исток ќе бидат цел на напад доколку Вашингтон „направи грешка“ кон Иран.

Предупредувањето, според полуофицијалната агенција „Мехр“, доаѓа од Централниот штаб „Катам ал-Анбија“, највисоката оперативна воена команда на Иран.

Техеран во меѓувреме го очекува одговорот од Вашингтон на неговиот седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец.

„Мехр“ оценува дека регионот се наоѓа во една од најчувствителните безбедносни ситуации, при што американските воени движења го зголемуваат ризикот од ескалација, додека паралелно продолжуваат политичките контакти и напорите за посредување.

Од Техеран порачуваат дека Иран нема да ја започне војната, но дека, доколку му биде наметната, е подготвен да ги брани својата безбедност и територијалниот интегритет.

Текстот Иран предупредува: Американските бази на Блискиот Исток ќе бидат цели ако Вашингтон „направи грешка“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top