Најсмртоносната епидемија во историјата на оваа земја – речиси 50 проценти од заразените починаа

Најсмртоносната епидемија во историјата на оваа земја – речиси 50 проценти од заразените починаа

пред 3 часа

За време на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, заразени се 8.067 жители, а починал 3.901, што ја прави оваа епидемија најсмртоносна во историјата на земјата.

Според владините податоци објавени во понеделникот, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго за првпат надмина 8.000 за време на тековната епидемија во оваа централноафриканска земја.

Според најновиот извештај за состојбата, објавен од надлежната институција за јавно здравје, бројот на случаи достигнал 8.067, при што се регистрирани 3.901 смртен случај.

Епидемијата, предизвикана од сојот Bundibugyo на вирусот ебола, стана најголема и најсмртоносна во историјата на Конго, надминувајќи ја епидемијата од периодот 2018–2020 година.

Според обемот, таа е втора по големина, веднаш по епидемијата во Западна Африка од 2014–2016 година, за време на која беа заразени повеќе од 28.600 луѓе, а над 11.000 починаа во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Текстот Најсмртоносната епидемија во историјата на оваа земја – речиси 50 проценти од заразените починаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top