(Видео) Катастрофални поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица

(Видео) Катастрофални поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица

пред 2 часа

Најмалку 62 лица загинаа во индиската сојузна држава Утар Прадеш по неколкудневни обилни дождови и поплави, соопштија локалните власти.

Во невремето се повредени 46 лица, а оштетени се повеќе од 1.000 куќи. Тридневните обилни врнежи предизвикаа поплави во повеќе области, поради што училиштата во делови од државата, вклучително и во главниот град Лакнау, се затворени.

Спасувачките екипи евакуираат жители од поплавените подрачја, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да се држат подалеку од надојдените реки, потоци и канали.

Поплавите ја погодија и соседната држава Одиша, каде што повеќе од 75.000 луѓе се евакуирани на безбедни локации.

Во соседен Непал, пак, 21 лице загина во инциденти поврзани со невремето во периодот од четврток до недела.

Фото: Depositphotos (илустрација)

Текстот (Видео) Катастрофални поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top