Општина Кисела Вода со кампања: „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“

Општина Кисела Вода со кампања: „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“

пред 2 часа

Под мотото „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“, Општина Кисела Вода започнува нова кампања со цел доближување на услугите до граѓаните и зајакнување на улогата на месните заедници.

Целта на новата иницијатива е дополнително да се поттикнат граѓаните масовно да го користат овој механизам, кој им овозможува административната поддршка да ја добијат буквално во своето место на живеење. Во таа насока, телефонските броеви на претседателите и секретарите на сите 15 месни заедници се јавно достапни на општинската веб-страница, како и преку информативни летоци. Со ова се очекува значително да се зголеми граѓанското учество во креирањето на локалните политики и побрзо решавање на сите прашања кои се од непосредно значење за жителите.

-Општина Кисела Вода отсекогаш била и останува со отворени врати за секој еден жител, но со оваа кампања сакаме ние да дојдеме уште поблиску до вас. Месните заедници се наш важен локален ресурс, а сега сакаме силно да ја поттикнеме и зајакнеме нивната улога. Нашата цел е секој граѓанин да знае дека неговата месна заедница е првата и најбрза станица до посакуваното решение. Кога иницијативите почнуваат од луѓето кои најдобро го познаваат своето маало, успехот е загарантиран. Ве повикувам да ги користите контактите, да ги барате вашите претставници и заеднички да го унапредуваме животот во секоја населба и населено место- истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Текстот Општина Кисела Вода со кампања: „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top