Маѓар: Укинувањето на имунитетот на поранешниот министер покажува дека доаѓаат промени

Маѓар: Укинувањето на имунитетот на поранешниот министер покажува дека доаѓаат промени

пред 3 часа

Унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека апсењето на поранешниот министер за култура и иновации Балаж Ханко претставува пресвртница и покажува дека еднаквоста пред законот конечно може да се спроведе во Унгарија.

„Вчера беше важен ден. По децении лаги, милиони Унгарци можеа за прв пат да доживеат што навистина значи вистинска промена на режимот и еднаквост пред законот“, напиша тој во објава на Фејсбук.

Тој додаде дека Унгарија „конечно не е земја без последици“, објави Indeks.hu.

Унгарскиот парламент вчера го суспендираше имунитетот на Ханк, а предлогот беше поддржан од 139 пратеници, без гласови против или воздржани.

На 22 септември, Врховното државно обвинителство на Унгарија побара укинување на имунитетот на Ханк поради сомневање за злоупотреба на средства од Националниот културен фонд (НКА).

Според обвинителството, од 3 септември 2025 година до 30 март 2026 година, преку 1.079 одлуки за распределба на средства, искористени се околу 44 милиони евра, спротивно на целите на фондот утврдени со закон.

Обвинителството се сомнева дека дел од парите се распределени без суштинска проценка, според политички и изборни критериуми, меѓу другото и за потребите на кампањата за парламентарните избори во 2026 година и личните цели на поединечните кандидати, пренесува Танјуг.

Текстот Маѓар: Укинувањето на имунитетот на поранешниот министер покажува дека доаѓаат промени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top