Општина Аеродром продолжува со уредување и модернизирање на јавните површини. Во повеќе населби се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, а постојните бетонски клупи добиваат нови дрвени седишта, сооппштија од Општината.
„Паралелно, интензивно работиме на обнова и уредување на детските и спортските игралишта, создавајќи побезбедни, поуредни и попријатни места за игра, спорт, рекреација и дружење. Чекор по чекор, го уредуваме Аеродром и создаваме општина во која секојдневието е поубаво и поквалитетно за сите генерации“, велат надлежните.
Текстот Општина Аеродром поставува нова урбана опрема е превземен од МАКФАКС.





