Фабриките во Европа кои произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Предупредување од руското Министерство
Захарова на прес-конференција изјави дека европските земји се директно вклучени во конфликтот преку воена поддршка за Украина, додавајќи дека ваквите активности го одложуваат крајот на војната.
Ова беше нејзиниот одговор на прашањето за подготвеноста на Полска да изгради фабрика на своја територија за производство на пресретнувачки ракети „Патриот“ за Украина.
„Фабриките за оружје во европските земји кои произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија и не треба да се мисли дека воените фабрики надвор од украинската територија кои произведуваат оружје за режимот во Киев ќе бидат безбедни. Секој што мисли така греши“, рече Захарова.
„Европските земји се директно вклучени“
„Европските земји се директно вклучени во украинскиот конфликт. Тие не само што даваат помош. Со отворање фабрики за оружје и заеднички инвестиции, тие се целосно вклучени. А ова само го одложува решавањето на конфликтот, наместо да помага, како што мислат или замислуваат некои сили во Европа“, додаде таа.
Текстот Русија: Фабриките за оружје се потенцијални цели, Европа е директно вклучена во војната е превземен од МАКФАКС.




