Ирак одобри до 40 ирански летови дневно

Ирак одобри до 40 ирански летови дневно

пред 6 часа

Ирак им одобри на иранските авиокомпании до 40 летови дневно кон и од меѓународниот аеродром во Наџаф, но договорот не важи за компанијата „Махан ер“, по барање на САД.

Шефот на ирачката Управа за цивилно воздухопловство, Али ал-Заиди, изјави дека мерката ќе го олесни патувањето на пациенти, верски аџии и туристи и ја оцени позитивно соработката со американската страна.

Одлуката следи откако Иран побара од Ирак да ги укине ограничувањата за летовите меѓу двете земји, тврдејќи дека тие им создаваат проблеми на патниците, студентите и бизнисмените.

„Махан ер“ е под американски санкции од 2011 година поради наводна поддршка на Иранската револуционерна гарда и силите „Кудс“.

Текстот Ирак одобри до 40 ирански летови дневно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top