Димитриеска-Кочоска: Една година од примената на СЕПА, плаќањата во евра се побрзи и поедноставни

Димитриеска-Кочоска: Една година од примената на СЕПА, плаќањата во евра се побрзи и поедноставни

пред 13 часа

Една година од почетокот на примената на СЕПА плаќањата во Македонија, граѓаните и компаниите имаат можност побрзо и поедноставно да префрлаат пари во евра, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, вклучувањето во Единствената област за плаќања во евра е важен чекор во усогласувањето на македонскиот платежен систем со европските стандарди. Таа посочи дека Министерството за финансии ги спровело потребните реформи, по што Народната банка и комерцијалните банки ја овозможиле практичната примена на плаќањата.

„СЕПА е пример дека реформите не се само промени во законите – туку конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот“, порача Димитриеска-Кочоска.

Министерката нагласи дека работата на унапредување на финансискиот систем продолжува, со цел услугите да бидат поефикасни и поблиски до европските стандарди.

Share
Scroll to Top