(Видео) Проектил погоди патнички терминал на аеродромот во Ријад, има повредени

(Видео) Проектил погоди патнички терминал на аеродромот во Ријад, има повредени

пред 5 часа

Повеќе лица се повредени денеска во експлозија на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, по што делови од аеродромот биле евакуирани.

Според агенцијата АП, проектил погодил патнички терминал, додека очевидци за Ројтерс изјавиле дека слушнале експлозија и виделе повеќе повредени лица како лежат во внатрешноста на аеродромот. На местото биле испратени повеќе од десет амбулантни возила.
Саудиските власти засега не соопштиле точен број на повредени, ниту колкава е материјалната штета.

По нападот, голем број летови кон Ријад биле пренасочени или откажани. Според податоците на „Флајтрадар24“, регистрирани се десетици откажани летови и големи доцнења. „Кувајт ервејс“ ги откажал летовите од и кон Ријад поради безбедносната состојба.

Ова е втор напад врз истиот аеродром за само два дена. Во претходните напади загинале тројца саудиски државјани, меѓу кои и пилот, а бил оштетен и патнички авион. Одговорноста за тие напади ја презеле Хутите од Јемен, кои засега не се огласиле за денешниот инцидент.
Нападите се случуваат во услови на повторно заострување на конфликтот во Јемен. Хутите, кои имаат поддршка од Иран, во последните недели ги засилиле нападите со проектили и беспилотни летала врз саудиски аеродроми, нафтени постројки и други цели.

Европската агенција за безбедност на воздухопловството предупредила на зголемен ризик за цивилните летови поради зачестените напади.

Текстот (Видео) Проектил погоди патнички терминал на аеродромот во Ријад, има повредени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top