Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег

пред 2 часа

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од денеска до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.

Текстот Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top