Фудбалерите на Арсенал славеа на гостински терен против Нотингем Форест (1:0), во натпреварот од седмото коло на Премиер лигата.
Херој беше резервниот играч Нони Мадуеке, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 80-та минута.
Прекрасно шутираше, но имаше и голема среќа, бидејќи топката кон голот на Селс го удри Куња и го смени правецот.
„Шумарците“ играа фанатично во одбраната, се обидуваа повремено да им наштетат на „топџиите“, но не можеа да го издржат притисокот. Арсенал немаше многу одлични шанси, но постојано се „вртеше“ околу голот на противникот. Најдобрата шанса пред голот ја пропушти Рајс.
Домашните се заканија во финишот, се обидоа да освојат бод, а Вуд, Муриљо и Делап имаа добри шанси.
Арсенал е втор на табелата со 18 бода, додека Форест, по третиот последователен пораз, е 18-ти со пет бода.
Премиер лига, 7. коло
Недела:
Борнмут – Сандерленд 2:0 (1:0)
Таверније 6, Еванилсон 48
Лидс – Манчестер Јунајтед 1:1 (0:1)
Калверт-Луин 51 – Мбеумо 35
Брајтон – Кристал Палас 5:0 (3:0)
Канвот 4аг, Гомес 7, Ајари 10, Кустулас 49, Хиншелвуд 84






