Начевски и Николов ќе судат и на Мундијалот во Египет

Начевски и Николов ќе судат и на Мундијалот во Египет

пред 3 години

Ракометните судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се делегирани од страна ИХФ, за Светското првенство во Египет.

Начевски и Николов се една од најдобрите судииски двојки, тие го судеа финалниот натпревар на последното Европско првенство.

Македонските судии шест пат по ред ќе ја делат правдата на ракометните Мундијали.

Share
Scroll to Top