Тројца мажи тврдат дека Линдзи Греам им плаќал за секс, еден од нив вели дека имал 17 години

Тројца мажи тврдат дека Линдзи Греам им плаќал за секс, еден од нив вели дека имал 17 години

пред 3 часа

Тројца мажи тврдат дека починатиот американски сенатор Линдзи Греам, републиканец од Јужна Каролина, им плаќал за сексуални односи. Обвинувањата се изнесени во 30-минутен документарен филм на левичарскиот медиум „Јанг Туркс“ (The Young Turks), објавен вчера, пренесува „Њујорк тајмс“. Наводите засега не се независно потврдени.

Еден од мажите, кој се претставува само како Келвин, тврди дека Греам му платил 120 долари за сексуална средба во Аризона во 2001 година, кога имал само 17 години.

Според неговото сведоштво, Греам неколкупати го прашал колку години има, а тој одговорил дека има 18, бидејќи сакал да го увери дека е полнолетен.

„Ми рече дека само треба да му кажам колку години имам. Му одговорив дека имам 18“, раскажува Келвин, кој тврди дека почнал да нуди сексуални услуги на 16 години поради сиромаштија.

Друг маж, претставен како Кори, тврди дека со автомобил со возач бил однесен во хотелот „Мејфлауер“ во Вашингтон, каде што Греам наводно му платил за сексуален однос и ноќевање. Тој вели дека не знаел за кого станува збор сè додека не го препознал сенаторот на телевизија за време на претседателската кампања во 2016 година.

Третиот маж исто така тврди дека Греам му платил за сексуален однос.

Кори, кој настапувал во филмови за возрасни под името Шон Хардинг, уште во 2020 година објавил дека републикански сенатор кој јавно се противи на правата на ЛГБТ-заедницата користи услуги на машки сексуални работници, но тогаш не го именувал Греам.

Обвинувањата се објавени по смртта на сенаторот, кој почина во јули годинава на 71-годишна возраст, поради дисекција на аортата. Греам никогаш не бил во брак и за време на животот повеќепати ги отфрлал шпекулациите дека е хомосексуалец.

Документарецот е објавен помалку од две недели пред изборите за Конгресот, на кои сестрата на Греам, сенаторката Дарлин Греам, се бори да го задржи неговото место во Сенатот. Таа беше назначена на функцијата по смртта на брат ѝ, а ја има и поддршката од претседателот Доналд Трамп.

Портпаролот на нејзината кампања одбил да ги коментира обвинувањата.

Републиканскиот конгресмен Вилијам Тимонс ги осуди тврдењата, оценувајќи ги како „срамни лаги“ насочени кон човек кој повеќе не може да се брани. Тој го обвини политичкиот противнички табор за користење хомофобни напади за политичка корист.

Поранешната републиканска конгресменка Марџори Тејлор Грин, пак, ги нарече тројцата мажи „храбри“ затоа што јавно проговориле за своите приватни искуства.

„Денес е откриена најлошо чуваната тајна во Вашингтон“, изјави таа.

Од друга страна, Ендрју Колвет, портпарол на конзервативната организација „Турнинг поинт УСА“, порача дека тврдењата не претставуваат изненадување и дека обидите да се поврзат со политичката кампања на сестрата на Греам може да имаат спротивен ефект.

Греам помина 23 години во Сенатот. Во почетокот беше остар критичар на Трамп, а подоцна стана еден од неговите најблиски сојузници во Конгресот. Во текот на политичката кариера јавно се противеше на истополовите бракови.

Текстот Тројца мажи тврдат дека Линдзи Греам им плаќал за секс, еден од нив вели дека имал 17 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top