(Видео) Вучиќ со сопругата на гласање во Нов Белград

(Видео) Вучиќ со сопругата на гласање во Нов Белград

пред 2 часа

Александар Вучиќ, носител на листата „Обединета Србија“, утрово гласаше на избирачко место во Нов Белград, во придружба на сопругата Тамара Вучиќ.

На избирачките места во Србија уште од раните утрински часови се формираат редици, а меѓу граѓаните кои чекаа да гласаат беше и поранешниот српски претседател.

На предвремените парламентарни избори право на глас имаат 6.451.292 избирачи, кои можат да гласаат на 8.392 избирачки места. Гласачките места се отворени од 7 до 20 часот.

Текстот (Видео) Вучиќ со сопругата на гласање во Нов Белград е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top