Студенти во Суботица вечерва, со помош на алпинисти и граѓани, отстранија три големи транспаренти со натпис „Србија победува“.
Транспарентите биле отстранети од зградата на поранешната Смоленска мелница во населбата Прозивка, која е заштитено културно добро.
Во акцијата учествувал и познатиот планинар од Суботица, Исо Планиќ, а собраните граѓани им дале поддршка со свирежи и факели, додека возачите ги поздравувале со свирење на автомобилските сирени, пишува „Н1 Србија“.
A u #Subotica spektakl https://t.co/oSwndQdBbA
— 🦊 silver🚕 FoX🦊 (@zlaxman_vidak) October 26, 2026
Транспарентите биле поставени на зградата кон крајот на јуни, за време на предизборната кампања, што предизвикало остри реакции кај експертите и опозицијата.
Историчарот Ненад Лајбеншпергер од Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата тогаш предупредил дека користењето културни споменици за истакнување политички пораки е недозволиво и спротивно на законот.
Меѓуопштинскиот завод за заштита на спомениците на културата во Суботица не одговорил на прашањето на порталот „Маглочистач“ дали била издадена согласност за поставување на транспарентите.
Смоленската мелница, некогаш еден од најважните индустриски објекти во Суботица, има и големо историско и меморијално значење.
За време на Втората светска војна служела како собирен центар од кој Евреите од северниот дел на Бачка биле депортирани во нацистичките логори на смртта.
Текстот (Видео) Студенти во Србија отстранија големи транспаренти со натпис „Србија победува“ е превземен од МАКФАКС.




