Американски спортски рекорд: Новоформиран тим ја освои WNBA

Американски спортски рекорд: Новоформиран тим ја освои WNBA

пред 5 часа

Кошаркарите на Голден Стејт ја победија Атланта со 68:63, го освоија својот прв трофеј во WNBA и испишаа спортска историја во Соединетите Американски Држави.

Валкирите до победата во мајсторката (4:3) ги предводеше фантастичната Габи Вилијамс. Француската ѕвезда постигна дури 30 поени, со четири блокади, три скока и две асистенции. Таа беше наградена со титулата MVP на финалето.

Габи Вилијамс постигна 28 од своите 30 поени во третата и четвртата четвртина, поставувајќи рекорд за најмногу постигнати поени во едно полувреме од финалето на WNBA.

Франшизата Сан Франциско е создадена неодамна преку системот за проширување на лигата.

Ова е само нивна втора сезона од постоењето, а ниеден тим во историјата на четирите најголеми американски професионални лиги (NBA/WNBA, NFL, NHL, MLB) не успеал толку брзо да го подигне шампионскиот пехар.

Претходни рекордери беа Милвоки Бакс, кои го освоија својот прв трофеј во третата сезона (1970/1971).

Share
Scroll to Top