Рекорден број странци во НБА лигата

Рекорден број странци во НБА лигата

пред 3 години

Изминатата ноќ започна новата сезона во НБА лигата. Оваа сезона, во лигата, ќе настапува рекорден број на странски кошаркари. Секоја франшиза во своите редови ќе има најмалку еден играч кој не е роден во САД. Вкупно во лигата ќе настапуваат 107 странци.

Во сезоната 2020/2021 во лигата ќе играат кошаркари од 41 држава.

Канада во сезоната 2020/2021 ќе има 17 кошаркари во НБА лигата, следуваат Франција со девет, Австралија со осум, Србија и Германија со по шест…Оваа сезона во лигата ќе настапуваат 14 кошаркари кои се родени во Африка, што исто така е рекорд во НБА.

Најмногу странци, седум, во своите редови имаат Вашингтон Визардс, еден странец помалку имаат Далас Маверикс и Денвер Нагетс, а по пет Њу Орлеанс Пеликанс, Оклахома сити Тандер и Торонто Репторс.

Минатата сезона на „Ол Стар“ натпреварот настапија рекорден број на странци. Јанис Адетокумбо, Бен Симонс, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Паскал Сијакам и Руди Гобер.

Share
Scroll to Top