Полска испраќа засилување на границата со Русија: „Можен упад на вооружена група“

Полска испраќа засилување на границата со Русија: „Можен упад на вооружена група“

пред 5 часа

Шефот на полската полиција, Марек Бороњ, денеска изјави дека минатата недела властите добиле предупредување од военото разузнавање и од службите на сојузниците во врска со можни акти на саботажа долж границата со Русија. Како едно од можните сценарија, тој го наведе обидот на вооружена група да ја премине границата. Властите не објавија детали во врска со ова предупредување.

Бороњ за радиото RMF FM изјави дека во седиштето на полската полиција во Варшава е формиран оперативен команден центар. Операцијата се спроведува во Варминско-мазурското војводство, кое се наоѓа во северна Полска, долж границата со Калининградската област, како и во соседното Подлашко војводство на североисток, кое граничи со Литванија и Белорусија.

Во областа се распоредени полициски службеници од различни региони; во операцијата се вклучени и антитерористички единици, војската, граничната стража и разузнавачките служби.

„Полицијата ја обезбедува областа долж границата со Калининградската област поради можни настани што би можеле да доведат до акти на саботажа“, рече Бороњ.

Тој додаде дека полицијата мора да ги заштити жителите и објектите што би можеле да бидат изложени на ризик.

Независно од операцијата на границата, полската полиција им нареди на своите специјализирани единици да останат во своите матични бази од 2 до 8 ноември и да бидат подготвени за итно распоредување. Станува збор за сили кои ја сочинуваат централната резерва на главниот полициски командант и можат да бидат испратени каде и да се потребни. Самата наредба не значи дека овие сили се веќе испратени на границата.

Од полицијата соопштија дека се во состојба на зголемена готовност поради закани од саботажи.

Текстот Полска испраќа засилување на границата со Русија: „Можен упад на вооружена група“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top