Ѓоковиќ 20 години не бил толку лош на Мастерс турнирите

Ѓоковиќ 20 години не бил толку лош на Мастерс турнирите

пред 4 часа

Новак Ѓоковиќ оваа сезона го забележа својот најлош настап на Мастерс турнирите од 2005 година.

За прв пат по 21 година, најдобриот тенисер на сите времиња не успеа да стигне до четвртфиналето на барем еден од турнирите од серијата 1000 од споменатата 2005 година, кога неговиот најдобар резултат беше третото коло во Париз.

Тогаш младиот Ѓоковиќ, одигра само четири натпревари во овие престижни натпреварувања и забележа резултат од 2-2.

Следната сезона, тој играше во четвртфиналето на Шангај, на Мастерс турнирите забележа пет победи и седум порази, а во следните 19 години доминираше со 40 Мастерс трофеи, рушејќи ги сите можни рекорди, бележејќи импресивни 411 победи и само 86 порази.

Во тековната година, Ѓоковиќ најдалеку стигна во Индијан Велс, каде што беше запрен во осминафиналето по голема борба од Џек Дрејпер. Потоа беше поразен во второто коло во Рим, Синсинати, Шангај и Париз. Сѐ на сѐ, тој забележа три триумфи и пет неуспеси.

Ринки Хиџиката беше подобар од победникот на 24 Гренд слем турнири во салата каде што го крена пехарот седум пати. 83-от играч во светот, кој на овој Мастерс дојде преку квалификациите славеше по пресврт, 2:6, 6:3, 6:3.

По елиминацијата во раната фаза на Мастерсот во Периз, Ѓоковиќ остана без шанси да се пласира на Завршниот мастерс во Торино.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top