(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

пред 39 минути

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа на Њујорк над Кливленд.

Голден Стејт, во дополнителните пет минути го победи Орландо со 126:119. Вориорс ја продолжија својата фантастична серија и стигна до седмата последователна победа, а апсолутен херој повторно беше Стеф Кари.

Најдобриот шутер во историјата на лигата, постигна 41 поен, со шест скока и шест асистенции, и постави нов НБА рекорд.

Ова беше 16-ти натпревар на Кари со најмалку 40 поени, откако наполни 35 години, на вечната листа го прескона Леброн Џејмс.

Вориорс имаа предност од 16 поени, но Орландо успеа да се врати и да обезбеди продолжение со кошот на Џамал ​​Кејн на секунда и пол до крајот.

Сепак, во дополнителните пет минути, Кари ја презеде контролата и му донесе победа на својот тим. Тој шутираше 13/19 од поле, погоди пет тројки и ги реализираше сите десет слободни фрлања.

Јаксел Ландеборг додаде 23 поени и осум скока, додека Бренден Подземски уфрли 15. Дрејмонд Грин заврши со дури 13 асистенции. Орландо го предводеше Франц Вагнер со 30 поени и 11 асистенции,.

Голден Стејт сега има скор од 7-3 откако ја отвори сезоната со три порази.

Портланд не успеа да го избегне поразот пред своите навивачи од Сан Антонио (103:125). Виктор Вембањама уште еднаш покажа зошто е еден од најдоминантните играчи во НБА.

Францускиот центар го предводеше Сан Антонио до убедлива победа над Портланд со 29 поени за само 24 минути на паркетот.

Девин Васел додаде 15 поени, додека Стефон Касл и Џулијан Шампањ имаа по 14. Дилан Харпер заврши со 13 поени.

На другата страна, Дени Авдија го предводеше Портланд со 15 поени, Скот Хендерсон додаде 13, а Дамијан Лилард и Јанг Хансен имаа по 12.

Сан Антонио го подобри скорот на 8-2 со победата, додека Портланд сега има скор од 6-3.

Актуелните шампиони Њујорк Никс, лесно се справија до Кливленд. Во домот на Кавалирс славеа победа 97:109

Тандемот на Никс Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс, комбинираше 60 поени, што беше доволно за Никс да го контролираат поголемиот дел од натпреварот.

Никс водеа со 63:53 на полувремето, а потоа во третата четвртина дополнително ја зголемија својата предност и практично го решија прашањето за победникот.

За Кливленд, Донован Мичел се истакна со 37 поени, што е неговиот најдобар настап оваа сезона.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top