Лековите за слабеење поврзани со ризик од сериозно оштетување на видот

Лековите за слабеење поврзани со ризик од сериозно оштетување на видот

пред 1 час

Американската администрација за храна и лекови (FDA) предупреди за можен зголемен ризик од сериозни заболувања на очите поврзани со употребата на лекови од групата GLP-1, кои се користат за слабеење и лекување на дијабетес.

FDA побара производителите на лековите „Ozempik“, „Vegovi“, „Zepbound“ да додадат предупредување во упатствата за можноста за неартериска предна исхемична оптичка невропатија (NAION), болест што може да предизвика ненадејно и безболно губење на видот, а во некои случаи и трајно губење на видот, известува Си-ен-ен.

Компаниите „Eli Lili“ и „Novo Nordisk“ објавија дека ја разгледуваат одлуката на FDA, со проценка дека достапните податоци не потврдуваат причинско-последична врска помеѓу употребата на нивните лекови и оваа болест.

Европската агенција за лекови минатата година предупреди дека NAION може да се појави кај до еден од 10.000 луѓе кои користат семаглутид, активната супстанца на лековите, најмалку една година.

Студија објавена во 2025 година, во која биле вклучени речиси 350.000 пациенти со дијабетес, покажала дека ризикот од оваа болест е повеќе од двојно зголемен по две години употреба на лекови од групата GLP-1 во споредба со другите терапии за дијабетес, пренесуваат медиумите во регионот.

Текстот Лековите за слабеење поврзани со ризик од сериозно оштетување на видот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top