Сасуоло доби нов тренер

Сасуоло доби нов тренер

пред 39 минути

Фудбалскиот клуб Сасуоло, член на италијанската Серија А, официјално го назначи Роберто Д’Аверса за шеф на стручниот штаб, откако Алберто Аквилани беше отпуштен од таа позиција.

Поранешниот тренер на Торино и Парма потпиша договор до крајот на сезоната (30 јуни 2027 година), а тој и неговиот тренерски штаб веќе го завршија првиот тренинг со тимот.

Официјалната промоција ќе се одржи во четврток во 12:30 часот во тренинг центарот „Мапеи“.

Алберто Аквилани го презеде Сасуоло, како своја прва тренерска работа во Серија А во јуни, но ја плати цената на серијата лоши резултати.

Тимот освои само еден бод во последните седум натпревари, прими дури 29 гола оваа сезона, а поразот од 3:0 од Рома во саботата ги остави на 17-то место на табелата, само еден бод над зоната за испаѓање.

Од друга страна, Роберто Д’Аверса, добро знае како изгледа борбата за опстанок. Тој го презеде Торино во февруари на местото на Марко Барони, успеа да го стабилизира тимот пред да замине ова лето, а најпознат е по својот историски успех со Парма, која ја однесе директно од Серија Ц во Серија А во последователни сезони.

Тој ќе го има своето деби на клупата на Сасуоло веднаш по претстојната репрезентативна пауза, на 22 ноември дома против Џенова.

Share
Scroll to Top