Постапките на Европејците мора да престанат да бидат контрадикторни за Русија да верува во нивната желба за постигнување мир, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што вели тој, Европејците се борат „како пајаци во тегла“ штом еден од нив ќе ја контактира Русија по сопствена иницијатива.
„Постапките на Европејците се спротивни на декларациите за мир“, рече Песков и додаде дека Европејците досега не успеале да утврдат кој би можел да биде нивен претставник во дијалогот со Русија за Украина.
„За време на преговорите во Абу Даби, Европејците изразија подготвеност да испратат воен контингент во Украина. Со други зборови, нивните постапки се спротивставуваат на сите овие изјави за подготвеноста да се стремат кон мир. Тие, всушност, ги водат работите кон продолжување и проширување на војната, а во исто време зборуваат за мир. Ова е „маѓепсаниот круг“ за кој зборуваше претседателот“, рече Песков.
Порано денес, рускиот претседател Владимир Путин ги прими американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер во Кремљ.
Текстот Песков: Европејците се борат како „пајаци во тегла“ штом некој ќе ја контактира Москва е превземен од МАКФАКС.





