Нетанјаху го повика Ајзенкот да формираат влада на национално единство: „Мора да ја отстраниме иранската закана“

Нетанјаху го повика Ајзенкот да формираат влада на национално единство: „Мора да ја отстраниме иранската закана“

пред 1 час

Израелскиот премиер во технички мандат Бенјамин Нетанјаху го повика својот главен политички ривал Гади Ајзенкот да се приклучи на влада на национално единство, во која би учествувале сите еврејски партии. Тој оцени дека влада која се потпира на арапските партии нема да може да се справи со иранската закана.

Во видеообраќање, Нетанјаху го повика Ајзенкот да започнат разговори без предуслови за безбедноста и иднината на Израел. Како едно од прашањата што треба да се решат ја посочи и регрутацијата, за која рече дека може да се постигне договор со претставниците на ултраортодоксните Евреи хареди.

Нетанјаху тврди дека Иран работи на обновување на својата програма за нуклеарно оружје и дека би ја употребил бомбата против Израел. Тој додаде дека двете израелски операции против Иран во изминатата година ја отстраниле непосредната опасност за постоењето на Израел.

„Мора еднаш засекогаш да ја отстраниме оваа егзистенцијална закана“, порача Нетанјаху, обвинувајќи ги арапските партии дека се поддржувачи на тероризмот и дека влада зависна од нив не би можела да ја исполни таа цел.

Тој смета дека владата на национално единство би придонела и за национално помирување. Истовремено, го обвини политичкиот противник за изборна кражба и повика на формирање влада што тој би ја предводел.

Ајзенкот, кој доби мандат за формирање нова влада, најави дека ќе ги искористи сите можности за да обезбеди парламентарно мнозинство. Партиите што го поддржуваат имаат 67 од вкупно 120 места во Кнесетот, меѓу кои и 19 мандати на арапските партии Рам и Заедничка листа.

Ајзенкот најави и дека ќе бара формирање државна истражна комисија за нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, како и поништување на спорните закони за реформа на правосудството.

Текстот Нетанјаху го повика Ајзенкот да формираат влада на национално единство: „Мора да ја отстраниме иранската закана“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top