Андреева недопирлива и во полуфиналето – Свитилина како фурија против Носкова

Андреева недопирлива и во полуфиналето – Свитилина како фурија против Носкова

пред 49 минути

Мира Андереева и Елина Свитолина ќе се бора за титулата на Завршниот мастерс, во Индијан Велс.

Во полуфиналето, Андреева ја победи петтата тенисерка во светот, Џесика Пегула, со 6:3, 6:4, за еден час и 25 минути игра.

Третата тенисерка во светот не изгуби ниту еден сет во текот на четирите одиграни натпревари.

Пред почетокот на полуфиналето, деветнаесетгодишната Андреева стана најмладата тенисерка што стигнала до полуфиналето од Каролина Возњацки во 2009 година.

Вкупно, таа освои 48 гема и загуби само 18. Ова е најмалиот број на изгубени гемови на патот до финалето откако беше воведена фазата по групи во 2003 година.

Андреева е најмладата финалистка од Марија Шарапова во 2004 година.

Таа стана и третата тенисерка, по Серена Вилијамс и Крис Еверт, што ги добила првите четири натпревари на финалето на ВТА без да изгуби сет.

Украинската тенисерка Елина Свитолина ја победи Линда Носкова со 6:2, 6:1 во полуфиналето на Завршниот турнир на ВТА. На Свитолина ѝ беа потребни само 65 минути за убедлив триумф.

Свитолина се пласира во третото финале во ова натпреварување во својата кариера. Ја освои титулата во 2018 година.

Со 32 години, таа стана најстарата тенисерка што стигнала до мечот за трофеј на финалето на ВТА по Венус Вилијамс во 2017 година.

Свитолина е 14-та тенисерка што стигнала до три или повеќе финалиња на Завршниот мастерс.

Од тие 14 тенисерки, само таа и Габриела Сабатини никогаш не биле број 1.

Ова е 11-та победа на Свитолина над тенисерка од Топ 10 во сезоната, со што го израмни сопствениот рекорд од 2017 година.

Ќе постави нов, ако успее да и се реваншира на Мири Андрева за поразот во групната фаза во недела од 21:00 часот.

Андреева води во меѓусебните дуели со 2-1.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top