Заха: Арсенал го избраа Пепе наместо мене

Заха: Арсенал го избраа Пепе наместо мене

пред 3 години

Ѕвездата на Кристал палас, Вилфрид Заха открива дека бил многу блиску до трансфер во Арсенал, но дека „топчиите“ наместо тоа се решиле да го донесат Николас Пепе за фантастични 72 милиони фунти, кои сонародникот на Заха од Брегот на Слоновата Коска засега не ги оправда.

Заха вели дека тоа што Пепе играл во Франција, а не во клуб како Кристал палас го направило трансферот поатрактивен, откако Пепе пристигна на „Емирати“ со 22 гола во 38 меча во сезоната 2018/19 во Франција.

„Зборував со менаџерот. Унаи Емери ми кажа дека ме гледал како играм, дека знае дека можам да ги решавам мечевите и такви работи. Ми кажа дека би сакал да ме донесе и јас му одговорив дека и јас би сакал во Арсенал. Но, клубот реши дека Пепе е подобра варијанта. Кога ќе видите фудбалер кој доаѓа од Бразил или од друга лига, секогаш привлекува повеќе внимание. Играч кој игра во Премиер лигата го знаете точно што може тука. Другите лиги се сосема поинакви“, вели Заха.

Share
Scroll to Top