Јеменските бунтовници Хути соопштија дека денеска со две балистички ракети го нападнале меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, како и финансиски центар во саудиската престолнина, објави „Ал Џезира“.
Покрај тоа, тврдат дека со уште шест балистички ракети гаѓале саудиски сили распоредени во кампот „Кава“ во јужен Јемен, како и воени позиции во блиската провинција Лахџ.
Нападите доаѓаат во период на засилени судири во Јемен. Претходно денеска, владините сили се повлекле од подрачјето околу стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб поради континуираните напади на Хутите.
Војската на меѓународно признатата јеменска влада соопштила дека ги прераспоредува своите трупи од Баб ел-Мандеб и од други важни крајбрежни области.
Јеменската влада е сместена во Аден, на јужниот брег на земјата, од 2015 година, кога Хутите ја презедоа контролата врз главниот град Сана.
Текстот Хутите тврдат дека со балистички ракети го погодиле аеродромот во Ријад и финансиски центар во градот е превземен од МАКФАКС.




