Канадскиот премиер Марк Карни го отфрли тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека економските санкции станале бескорисни. Претходно, на еден самит, Путин изјави дека „традиционалните алатки за економска доминација и де факто принуда во голема мера го исцрпиле својот потенцијал и ја изгубиле поголемиот дел од својата моќ за заплашување“.
Одговарајќи на ова за време на прес-конференција на отворено, Карни рече: „Г-дин Путин може да ги праша своите финансиски институции, своите пријатели олигарси или своите хокеари дали санкциите се минато. Мислам дека ќе сфати оти тие се многу реални и имаат моќно влијание“ – додека во позадина се собираа темни облаци.
„Ова не е првпат Владимир Путин да излаже за реалната состојба на теренот. Санкциите се многу реални и ќе продолжат да се засилуваат сè додека трае оваа војна“, заклучи тој.
Текстот Карни му одговори на Путин: Санкциите се сосема реални и имаат моќен ефект е превземен од МАКФАКС.




