Научниците откриja изгубени планини под Антарктикот: нивната големина е неверојатна

Научниците откриja изгубени планини под Антарктикот: нивната големина е неверојатна

пред 51 минута

Меѓународен тим научници откри под антарктичкиот леден покрив темели на досега непознат систем од антички планински венци, кои се споредливи по големина со Хималаите.

Ова откритие од експерти од Австралискиот национален универзитет (ANU) и Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ) не само што го менува знаењето за геолошкото минато на овој континент, туку нуди и ново објаснување за еволуцијата на животот на Земјата, објави „Јуронјуз“.

Истражувачите идентификуваа остатоци од огромни антички планински венци кои се формирале за време на формирањето на суперконтинентот Гондвана, пред помеѓу 650 и 450 милиони години.

Нивната брза ерозија ослободила огромни количини на клучни хранливи материи, како што се фосфор и железо, во океаните. Овој прилив на минерали го предизвикал процутот на животот во морињата и директно се совпаѓа со појавата на првите сложени животни пред околу 539 милиони години.

Според научниците, овие планински венци се создадени со судирот на Антарктикот со Индија и Африка, и тие го опишаа овој процес како најголемиот настан на формирање планини што некогаш го погодил овој континент.

Со оглед на тоа што повеќе од 99,5 проценти од Антарктикот е покриен со дебел слој мраз, тимот не ги проучувал карпите директно, туку наместо тоа анализирал седименти собрани со океанско дупчење по должината на континенталниот раб.

Експертите испитале 1.712 ситни минерални зрна, кристали од циркон. Благодарение на нивниот геохемиски состав, овие кристали зачувуваат информации за условите на притисок и времето на нивното формирање.

Врз основа на примероците, научниците беа во можност да ја утврдат староста и хемискиот состав на карпите од кои потекнуваат кристалите, како и да заклучат кои геолошки процеси довеле до нивно создавање.

Ова откритие е значајно бидејќи познавањето на структурата и топографијата на почвата што се наоѓа километри под ледената покривка им помага на научниците попрецизно да ја предвидат брзината со која глечерите се лизгаат кон океанот, што е клучно за проценка на идното зголемување на нивото на морето.

Текстот Научниците откриja изгубени планини под Антарктикот: нивната големина е неверојатна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top