Претстава од Малта го затвора Битола Шекспир фестивалот

Претстава од Малта го затвора Битола Шекспир фестивалот

пред 56 минути

Малтешката претстава „Перикле среде морето“ вечерва ќе биде изведена во Народниот театар Битола, со што ќе се заокружи 12. издание на Битола Шекспир фестивалот.

Публиката ќе може да ја проследи претставата на Новата сцена, со почеток во 18 часот. Режијата е на Филип Леоне-Ганадо, а продукцијата доаѓа од малтешкиот театар „КакоСеВикаат“ – WhatsTheirNames Theatre.

Станува збор за современ и повеќејазичен сценски прочит на Шекспировата драма „Перикле“. Претставата ја поврзува приказната со Средоземното Море и преку поедноставен сценски израз се насочува кон човечките судбини и патувањата.

Гостувањето од Малта е последно во програмата на годинашниот фестивал, кој на битолската публика ѝ понуди можност да види различни сценски толкувања на делата на Вилијам Шекспир.

Фестивалот беше отворен со битолската премиера на „Кориолан“, во режија на Џон Блондел. Во програмата беа вклучени и продукции од Италија, Ерменија, Романија и Грузија.

„Перикле среде морето“ е закажана за недела, 22 ноември, во 18 часот, на Новата сцена на Народниот театар Битола. Информации за билетите се достапни преку репертоарот на театарот.

Share
Scroll to Top