(Видео) Анонимен Мароканец ја воодушевува Шпанија

(Видео) Анонимен Мароканец ја воодушевува Шпанија

пред 1 час

Мароканскиот фудбалер Јасир Забири продолжи со одличните настапи во дресот на Расинг Сантандер, постигнувајќи 11 гола во првите 13 натпревари во шпанското првенство, што го прави еден од најефикасните напаѓачи на почетокот на неговата кариера во Ла Лига.

Како што објави „Марка“, 21-годишниот напаѓач веќе ја надмина целта од десет гола што си ја постави кога беше претставен во својот нов клуб, иако е одиграна само една третина од првенството.

Само Роналдо Назарио, Ромарио и Роберт Левандовски се пред него во однос на перформансите по првите 13 настапи во елитната шпанска лига.

Забири, блескаше во неделата против Реал Сосиедад, кога постигна два гола за само 112 секунди, во шестата и осмата минута од натпреварот, во победата на Расинг од 3:2.

Забири има само 21 година и пристигна во Сантандер од Рен како позајмен играч откако не доби вистинска шанса во Франција.

Тој беше формиран како играч во фудбалската академија „Мохамед VI“, а по шест месеци во локалниот клуб Унион од Туарга, пристигна во португалски Фамаликао, каде што помина две години пред да пристигне во Рен во трансфер вреден 10.000.000 евра.

Сега неговата вредност се проценува на најмалку 20.000.000.

Foto. EPA

Share
Scroll to Top