Еден-два за Ферари во квалификациите пред ГН на Мексико

Еден-два за Ферари во квалификациите пред ГН на Мексико

пред 6 месеци

Возачите на Ферари, Големата награда на Мексико ќе ја започнат од првиот ред. Пол-позицијата ја освои Шарл Леклер, втор беше Карлос Саинц, а трет квалификациите ги заврши светскиот прввак Макс Ферстапен.

Шарл Леклер ја освои втората пол-позиција сезоната, вкупно 22. во кариерата. Најбрзиот круг го извозе со време 1:17.166 минути. Неговиот колега задоцни за само 67 ијладити делови од секундата, а 30 илјадити делови од секундата зад Шпанецот беше Ферстапен.

До Ферстапен трката ќе ја започне изненадувањето во квалификациите Даниел Рикардо од сестринскиот тим на Ред Бул, Алфа таури.

Миленикот на публиката, кој има огромна поддршка Серхио Перез е петти, а до него е седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

Во Топ 10 завршија Оскар Пјастри, Џорџ Расел и возачите на Алфа Ромео, Ботас и Жу.

Трката за Големата награда на Мексико, ќе започне во 21 часот по средноевропско време.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top