Федерер на нова операција, го чека долга пауза (а можеби и крај)

Федерер на нова операција, го чека долга пауза (а можеби и крај)

пред 3 години

Роџер Федерер дефинитивно нема да игра на САД опен, и ќе биде во аут „многу месеци“ откако беше заклучено дека мора да оди на операција на коленото.

Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули наполни 40 години на 8 август и нејасно е што ова значи околу неговото продолжување на кариерата.

Последен меч на „Маестрото“ беше поразот во четврт-финалето на Вимблдон минатиот месец, по што паузираше од Олимпијадата во Токио откако го повреди коленото за време на сезоната на трева. Федерер пропушти повеќе од една година тенис по првата операција на коленото кратко по Австралија опен во февруари 2020, а тој јуни беше на втора операција.

Share
Scroll to Top