САД ставија компанија во сопственост на „Алибаба“ на црната листа: „Грешка е“

САД ставија компанија во сопственост на „Алибаба“ на црната листа: „Грешка е“

пред 2 минути

Повеќето компании додадени на црната листа на Министерството за трговија на САД се поврзани со Мегаспид, но една особено се издвојува: Apex Enterprise Holdings.

Новинар на Би-би-си ги испита деловните регистри, кои покажуваат дека „Апекс“ е во сопственост на Алибаба преку субјект регистриран на Кајманските Острови. Канцеларијата на Apex се наоѓа во истата зграда во центарот на Сингапур како и канцеларијата на една од компаниите на Алибаба.

Сингапурските медиуми го поврзаа „Апекс“ со малезиската подружница на Мегаспид, Спидматрикс, која наводно ги заложила своите средства како залог на „Апекс“.

Оваа блиска деловна врска е особено значајна бидејќи „Мегаспид“ е обвинет дека им овозможува на кинеските компании – вклучително и „Алибаба“ – да ги заобиколат ограничувањата за пристап до чипови на „Нвидиа“ со користење на нејзините центри за податоци во регионот. Министерството за трговија на САД изјави дека постои „значаен ризик“ компаниите на црната листа да пренасочуваат компјутерска опрема кон неовластени крајни корисници.

„Мегаспид“ ги негираше сите обвинувања за измама, тврдејќи дека работеле транспарентно.

Кинескиот бизнис конгломерат „Алибаба“ изјави за Би-Би-Си дека вклучувањето на „Апекс“ на црната листа е грешка, бидејќи компанијата никогаш не ги пренасочила чиповите кон неовластени корисници. Тие додадоа дека ќе „ги искористат сите достапни законски патишта за да ги заштитат своите права и углед“.

Текстот САД ставија компанија во сопственост на „Алибаба“ на црната листа: „Грешка е“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top