Фредериксен предупредува: Без помош за Украина, се отвора патот за понатамошен напредок на Русија

Фредериксен предупредува: Без помош за Украина, се отвора патот за понатамошен напредок на Русија

пред 1 час

Данската премиерка Мете Фредериксен денес на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел изјави дека ставовите на земјите-членки за новиот долгорочен буџет на блокот се уште „многу оддалечени“, согласувајќи се со проценката на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека сегашниот предлог не е прифатлив.

Фредериксен оцени дека предложениот буџет е преголем и не е доволно насочен кон иднината и додаде дека средствата треба да бидат поизбалансирани кон конкурентноста, одбраната и безбедноста, објавува „Гардијан“.

Таа нагласи дека е потребно да се постигне договор за буџетот до крајот на оваа година, со оглед на тоа што во 2027 година се одржуваат важни избори во голем број земји-членки на ЕУ, што би можело да ги отежни преговорите уште повеќе.

Данската премиерка, исто така, го поддржа предлогот на Фридрих Мерц за поврзување на финансирањето на Украина со новиот буџет на Унијата, нагласувајќи дека Украина е прва линија на одбрана на Европа и дел од заедничките европски трошоци.

Одговарајќи на прашање за можното слабеење на поддршката за Киев доколку десничарските партии зајакнат на претстојните избори во земји како Франција, Шпанија и Полска, Фредериксен предупреди дека прекинот на помошта и падот на Украина ќе ја отворат вратата за понатамошен руски напредок.

Текстот Фредериксен предупредува: Без помош за Украина, се отвора патот за понатамошен напредок на Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top