Астон Вила сака да го врати Гарначо во Челзи и да го донесе Ендрик

Астон Вила сака да го врати Гарначо во Челзи и да го донесе Ендрик

пред 5 часа

Астон Вила, не знае што ќе прави со Алехандро Гарначо. Аргентинецот е позајмен од Челзи, но јасно е дека Вила нема да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната и не само тоа, клубот бара начин да го врати во Лондон во текот на зимата.

Како што објавува „Атлетик“, Вила сака да се ослободи од него во јануари, сето тоа во договор со Челзи, можеби ќе биде ипсратен на нова позајмица. Во Астон Вила се крајно незадоволни од неговиот труд на тренинзите, па затоа практично не игра во последно време.

Покрај Гарначо, тема во Астон Вила е и Коста Недељковиќ. Српскиот десен бек не игра за Глазгов Ренџерс, поради што се незадоволни во Астон Вила каде што очекуваа да го продадат Недељковиќ токму во Ренџерс. Сепак, сигурно е дека тоа нема да се случи и Вила ќе бара друг клуб што би можел да го купи Недељковиќ.

Доколку успее во намерите, пред се да го врати Гарначо во Челзи, Вила ќе се обиде да го донесе Ендрик.

Фудбалерот на Реал Мадрид има квалитет, но нема многу простор во нападот, покрај Мбапе, Винисиус и Диоманде. Жозе Мурињо, барем засега, одбива да го испрати на позајмица.

Во јануари, Астон Вила ќе излезе со конкретна понуда, Реал Мадрид повторно ќе биде на потег, но заинтересирани за Бразилецот се и Милан и Рома, па затоа ќе биде многу тешко за клубот од Бирмингем да го добие бразилскиот напаѓач. Не е невозможно, Премиер лигата е секогаш интересна за сите.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top