Гнабри се враќа, тестот му бил „лажно“ позитивен

Гнабри се враќа, тестот му бил „лажно“ позитивен

пред 4 години

Серж Гнабри ќе може да се врати на тренинзи на Баерн Минхен, откако беше потврдено дека неговиот тест на КОВИД-19 бил „лажно“ позитивен.

25-годишниот Германец пропушти два меча на Баварците откако имаше позитивен тест по настапите за репрезентацијата, но тимот на Ханси Флик и без него беше успешен – 4:0 победа над Атлетико Мадрид во ЛШ и 5:0 победа над Ајнтрахт Франкфурт во Бундеслигата.

Според клубот, Гнабри бил тестиран секој ден по влегувањето во карантин, и сите тестови биле негативни, а тој имал и тест на антитела, кој исто така бил негативен, по што се прекратил 14-дневниот карантин.

Гнабри ќе се приклучи на тимот и утре ќе отпатува за Русија, каде што ги чека меч од Лигата на шампиони против Локомотив Москва.

Share
Scroll to Top